Автобуските превозници задоволни од измената на протоколот за исполнетост на капацитетите на возилата

epa08386806 Croatian citizens sit in public bus respecting social distance in Zagreb, Croatia, 27 April 2020. According to media reports, Croatia is easing the restrictive measures to prevent the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease, by lifting the ban on public transport and reopening cultural institutions, libraries and stores on 27 April 2020. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Компаниите за автобуски превоз АМЕРИТ и Транспорт ЛЕГИС ја поздравија одлуката на Владата да го прифати нивното барање за  измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 отсто, отсега се дозволува исполнетост најмногу до 75 проценти од вкупниот капацитет на возилата.

– Автобускиот превоз е од витално значење за општеството, бидејќи ја гарантира мобилноста на луѓето, пристапот до училиште, до работа и основни услуги за секого, а се основен начин на транспорт за најранливите категории на население, кои честопати се потпираат на колективен превоз за своите потреби за мобилност. Затоа, ја поздравуваме одлуката на Владата донесена вчера, на 80 седница, за прифаќање на измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата, навеуваат од АМЕРИТ.

Од компанијата посочуваат дека ако патниците се фиксна група на луѓе, каков што е случајот со превоз на ученици и работници, се намалува потенцијалниот ризик од инфекција или натамошно ширење на вирусот, бидејќи, како што наведуваат, автобуските оператори имаат листа на патници, што значи дека во случај на болест, лесно може да се следи кој патувал во групата. Затоа сметаат, дека и училишниот превоз треба да се стави во функција, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето на учениците.

– Во Македонија и во цела Европа, активноста на патничкиот транспорт дојде до огромен застој по воведувањето на строги мерки за ограничување на КОВИД-19. Компаниите пријавуваат намалување на активност од најмалку 90 проценти за меѓуградски, 100 отсто за туризам и 80 проценти за патнички превоз на барање, што значи, во економски аспект, приходите се бидат еднакви на нула, а загубите огромни. Апелираме Владата да го поддржи нашиот став и да донесе одлука за организирање на автобускиот превоз на ученици, а автобуските оператори да вршат редовно длабоко чистење и дезинфекција на транспортни возила и местата што ги допираат патниците (како што се уреди за билети, столбови, седишта и сл.), со специјални антибактериски средства за чистење бидејќи тоа во суштина ќе помогне да се намалат ризиците од инфекција. Возачите задолжително да носат заштитни маски и ракавици за еднократна употреба за време на патувањето, се наведува во соопштението од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ

И од Транспорт ЛЕГИС се приклучуваат кон ова барање, при што ги известуваат сите надлежни инстититуции,родителите и учениците дека се спремни да го обезбедат превозот на ученици за учебната година со почитување на сите заштитни мерки и протоколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот