Австрискиот суд ги осуди на затворски казни помошниците на Кујтим Фејзулаи, кој изврши масакр во Виена во 2020 година

Австрискиот суд осуди четворица мажи за терористички дела и учество во убиство поради наводни врски со Кујтим Фејзулаи, човекот со македонско и австриско државјанство, кој изврши смртоносен напад во Виена во 2020 година, јави „АП“, настан кој во македонските медиуми и јавноста беше коментиран со месеци.

Да потсетиме, извршителот на терористичкиот напад во Виена, 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, со потекло од селото Челопек, поседувал македонски пасош, но ретко ја посетувал Македонија. Тој пред да го извршил убиството, бил осуден на 22 месеци затвор во април 2019 година за обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на групата Исламска држава. Бил предвремено ослободен во декември според законот за малолетници.

Двајца од мажите се осудени на доживотен затвор од страна на државниот суд во Виена, а другите на 20, односно 19 години. Други двајца обвинети беа ослободени од главните обвиненија, но беа осудени за членство во ИД и ширење на пропагандата на групата. Тие добија делумно условни казни од две години.

Во нападот на 2 ноември 2020 година беа убиени четири лица, а потоа и Фејзулаи. Повеќе од 20 други лица, меѓу кои и еден полицаец, беа ранети.

Шестмината мажи на кои им се судеше во средината на октомври не беа обвинети за директно учество во нападот, но тие наводно му помогнале или влијаеле на Фејзулаи додека се подготвувал за пукањето. Во еден случај, тие наводни активности вклучуваат набавка на оружјето користено во престрелката.

Потврдено: Извршителот на нападите е Кујтим, роден во Виена со потекло од Македонија

Се проверува „македонската врска“ на убиениот австриски терорист Кујтим Фејзулаи

Кујтим е од добро семејство и сигурно не се радикализирал во тетовско, тврди градоначалникот Пајазити

Нови моменти за масакрот во Виена: Кујтим добил СМС порака која го забрзала крвавиот пир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот