Нови моменти за масакрот во Виена: Кујтим добил СМС порака која го забрзала крвавиот пир

Австриецот со македонско потекло Кујтим Фејзулаи на втори ноември изврши терористички напад во Виена при што загинаа четири лица. Истрагата откри дека нападот бил планиран, но неговото извршување или барем побрзото реализирање го забрзала СМС порака која ја добил тој ден.

Како што наведува австрискиот портал „krone.at”, Кујтим (20) примил куса порака, која предизвикала верижна реакција. Пораката му ја испратил мобилниот оператор, откако напаѓачот на 31 октомври преку опцијата „итен повик“ на мобилниот телефон се јавил во полиција поради обивање во подрумот од зградата во која живеел.

Се проверува „македонската врска“ на убиениот австриски терорист Кујтим Фејзулаи

Два дена откако ја повикал полицијата, Кујтим Фејзулаи во 16.36 часот добил известување: „Вашиот број е лоциран на 31.10 во 14.46 часот и сите податоци проследени се во главната полициска управа на покраината Виена“. Пораката очигледно се однесувала на неговиот повик од 31 октомври, но тој веројатно се испаничил зошто ја поврзал со претходното купување на оружје, пишува „Кронен цајтунг“.

Очајна е мајката на Кујтим Фејзулаи: Каде згрешив?

Иако пораката не била причина за нападот, но фактот што е поддржувач на Исламската држава, можеби била тригер, оценува весникот. Имено, само три часа и 14 минути подоцна напаѓачот трчал низ улиците на Виена вооружен со калашников и пиштол и убивал кого ќе стигне. Откако убил 4, а ранил 22 полицајци, тој е застрелан од страна на полицијата.

На почетокот се претпоставувало дека свесно го избрал датумот за напад: тоа била последната слободна вечер зошто од полноќ се воведува делумен карантин и навечер беше предвидено затворање на рестораните и кафулињата.

Кујтим Фејзулаи се радикализирал во област позната на разузнавачките служби

Истрагата на „Кронен цајтунг“ наведува на заклучок дека Кујтим Фејзулаи го подготвувал нападот, но датумот не му бил одреден.

Во меѓувреме едно лице кое беше повредено во нападот го опиша своето искуство.

Потресно сведочење на преживеан во нападот на Фејзулаи

Андреас Визингер (42) беше повреден во нападот таа вечер. Вели дека седел со девојка на летната тераса од едно кафуле веднаш кај плоштадот Рупрехтплац. Наеднаш, околу 8 вечерта, слушнал нкое гласно викање, потоа одекналае истрели, пет-шест. Помислил дека станува збор за петарди, но двајцата станале.

– Во тој момент се појави зад аголот некој со пушка во рака, рече Визингер за австриската државна телевизија. После тоа гледал само искри и слушнал ужасно гласно викање.

– Потоа слушнав како фучат куршуми лево и десно од нас, изјави тој во емисијата.

Кујтим Фејзулаи се подготвувал за нападот во Виена уште од јули, калашниковот го купил од земја од ЕУ

Еден куршум за влакно ја промашил неговата глава. Тој објаснува дека имал мала гребаница на главата.

-Да беше само три милиметри поблиску, ќе беше се поинаку.  Вториот куршум ми направи длабока рана во коленото, а еден куршум ми  влета во чантата, раскажува преживеаниот.

После првиот шок, тој и девојката побегнале во кафулето, каде келнерот заедно со останатите гости го однел во подрумот.

ВИДЕО+ФОТО: Стотици Австријци се собраа во центарот на Виена. Дупките од куршумите на Кујтим Фејзулаи се пополнети со цвеќиња.

-Додека бевме долу, луѓето паѓаа во несвест, вели тој.

Визингер исто така изјави дека подоцна кога го повикале во полиција ккао сведок и ја видел полициската фотографија од напаѓачот, му изгледал сосема поинаку од оние слики кои Кујтим ги поставувал на социјалните мрежи:

Кујтим Фејзулаи / Фото: Австриска полиција

-Не беше набилдан, не позираше, ниту носеше џихадистичка униформа. Обичен мал 19 – годишен црв, кој делуваше прилично очајно, вели тој.

Кујтим Фејзулаи праќал пари на имам од Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот