Австрија значително го намалува ДДВ во некои сектори

Стапката на ДДВ пред намалувањњето на 5 отсто изнесуваше 20 отсто за пијалоци и 10 проценти за храна.

Со цел да им излезе пресрет и да им помогне на најтечкопогодените сектори од пандемијата предизвикана од корона вирусот Австрија го намали Данокот на додадена вредност за угостителството и секторот култура.

Законот со кој се предвидува намалување на ДДВ за некои сектори беше усвоен во парламентот во текот на вчерашниот ден, а новата стапка на ДДВ која сега изнесува 5 отсто ги опфати хотелите, рестораните, влезниците во културните центри како и медиумски содржини и уметнички дела.

Стапката на ДДВ претходно изнесуваше 20 отсто за пијалоци и 10 проценти за храна.

Во секторот култура се пресметуваше ДДВ од 13 отсто. Намалувањето на стапката на ДДВ е составен дел од пакетот мерки со кои владата настојува да и помогне на економијата за време на кризата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот