Австралиец бегајќи од полиција скокнал во река полна со крокодили, сега сите го бараат

Крокодил / Фото David Wall / Alamy / Profimedia

Во Австралија во тек е потрага по маж кој бегајќи од полицијата скокнал во реката Фицрој преполна со крокодили. 36-годишниот маж вчера вечерта се обидел да и побегне на полицијата и бил виден како во паника скока во опасна река и вреска, пишува Дејли Мејл.

„Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат обемна потрага во која учествуваат повеќе авиони и пловни објекти. Засега не успеавме да го лоцираме исчезнатиот маж. Тој е белец, висок околу 187 сантиметри, слаба градба, кафеава коса и сини очи последен пат е виден облечен во сива кошула и темно сиви шорцеви. Претресот е прекинат синоќа во 22 часот и 20 минути, а утрово повторно ќе започнеме“, соопштија од полицијата.

Реката Фицрој е позната по својот огромен број крокодили. Во јули годинава во неа бил фатен крокодил од 4,5 метри. Службеникот за диви животни, Џош Морис, рече дека вчера добиле 32 пријави од луѓе кои виделе крокодили во областа.

„Тоа е потсетник дека Рокхемптон е земја на крокодили и дека има крокодили во реката Фицрој, над и под браната. Ако влезете во реката во земја на крокодили, тоа е ваш избор. Запомнете, во земјата на крокодили вие сте одговорни за вашата безбедност“ рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот