Авганистан е спремен да се разбере со Пакистан

Авганистанските власти денеска соопштија дека се подготвени за преговори откако Пакистан ги бомбардирал нивните сили во поголемите градови, при што загинаа десетици војници во најсериозните судири меѓу некогашните сојузници, кои сега се противници, објави „Ројтерс“.

Нападите од страна на Пакистан се први во кои директно ги таргетирал своите поранешни сојузници по обвинувањата дека засолнуваат милитанти, а Исламабад ја опиша ситуацијата како „отворена војна“.

Цели во главниот град Кабул и во градот Кандахар, каде што се базирани талибанските лидери, биле погодени, што сигнализира драматично влошување на односите меѓу двете исламски соседни држави.

Густи облаци црн чад се издигале од две локации во Кабул, а голем пожар бил видлив и на видеоснимки потврдени од „Ројтерс“.

ВИДЕО | Од гранични престрелки до повторна војна: Пакистан со нови воздушни напади врз Авганистан, има жртви

Очевидци во Кабул сведочат дека авион фрлил бомби врз цел, по што следеле силни детонации, а луѓето во паника ги напуштале домовите додека муницијата во погоден објект продолжувала да експлодира. Пакистански безбедносни извори тврдат дека станувало збор за ракети воздух-земја насочени кон талибански воени позиции, како одговор на претходни напади од авганистанска страна.ж

Талибанците, пак, обвинуваат дека користеле дронови против пакистански цели, додека Исламабад соопшти дека тие биле соборени. Долж границата избувнале повеќе копнени судири, при што двете страни изнесоа спротивставени податоци за бројот на загинати, кои не се независно потврдени.

Во меѓувреме, Катар повторно се обидува да посредува и да спречи продлабочување на кризата меѓу соседите, чија 2.600 километри долга граница е закана за поширок конфликт.

И покрај острите изјави од Пакистан дека „трпението е исцрпено“ и дека ќе следи решителен одговор на секоја провокација, талибанските власти порачаа дека се подготвени за дијалог.

Во Кабул се слушале сирени на амбулантни возила по нападите, а талибанците соопштија дека има и цивилни жртви.

Пакистан останува во состојба на висока безбедносна готовност, по неодамнешните операции против милитантни групи во источен Авганистан, а властите во Пенџаб приведоа десетици авганистански државјани во рамки на засилени безбедносни мерки.

Кој има предност во воената равенка Авганистан–Пакистан?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот