АУДИО | Пациентка тврди: Аптекарот на Онкологија ме уцени за терапија Гејтруда – „Во мои раце си, пази што правиш“

Ме уцени со зборовите „Во мои раце си, пази што правиш“. А јас тоа го сфатив како закана по мојот живот.

Вака пациентката на Клиниката за онкологија Минка Веизоска раскажува за трговијата со скапите биолошки терапии која претставувала лукративен бизнис за дел од вработените. Аптекарот од болницата ѝ барал пари секој пат кога ќе требало да прими биолошка терапија „Гејтруда“. Докторите, сестрите и аптекарот ѝ велеле дека „на лекот нема нејзино име и презиме“ затоа што „го криеле за неа“.

-Зошто да ја кријат за мене терапијата, која сум јас? Зошто да му давам пари за терапија што државата ми ја плаќа мене?, прашува Веизоска.

После неколкукратно плаќање на терапијата „Гејтруда“ која инаку пациентката требало да ја добие бесплатно, таа случајот го пријави во полиција и аптекарот беше приведен за поткуп. Но, дали тој бил единствениот што бил вклучен или пак се работело за синџир?  Целиот разговор со Веизоска може да го слушнете во продолжение:

Слободен печат на тацна им ги даде индициите на МВР и Обвинителството за препродажбата на лекови на Онкологија

„Слободен печат“ открива: Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози

Сестрата од Онкологија врши притисок врз новинарката на „Слободен печат“ да не известува за случајот и ја обвинува за психичка тортура

Трговија со здравје: Дали крадењето цитостатици на Онкологија открива мегамрежа за препродавање?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот