Аудио книгите ќе ја вратат навиката да се чита

„Самоглас“ е првата платформа во земјата за аудио книги, чии автори, актерите Ангела Стојановска и Христијан Поп Симонов за „Утрински брифинг“ рекоа дека освен што ќе им помогне на луѓето со оштетен вид и дислексија, ќе ја врати навиката да се читаат, односно да се слушаат книги.

– Сфативме дека досега обемот на овие книги е премногу мал, а се надеваме дека овој формат е поблизок до денешната младина. Денеска живееме во време кое е премногу брзо сите немаат доволно време да посветат за читање, а нашата платформа е помош за остварување на таа потреба. Од друга страна слушањето им помага на луѓето со дислексија подобро да читаат – велат тие.

Зад идејата на „Самоглас“ се Христијан Поп Симонов, Ангела Стојановска и Васко Костовски од Здружението за афирмација на уметноста „Флуктус“ чиј проект е поддржан од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот