Атхе Мазари е новиот крилен напаѓач на ФК Работнички

фото: fkrabotnicki.com

Крилниот напаѓач Атхе Мазари е нов фудбалер на Работнички. Тој потпиша двегодишен договор со клубот и му се приклучува на тимот на Милан Илиевски.

Мазари доаѓа од редовите на Победа и треба да ја засили конкуренцијата во напаѓачкиот дел од составот.

Во првиот дел од сезоната одигра 16 натпревари во дресот на Победа и постигна четири гола.

Работнички веќе ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, првата фаза ќе се одвива во Скопје, а во периодот од 28 јануари до 6 февруари екипата ќе замине во Охрид каде ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Претходно промовираше уште нови три засилувања: Кире Маркоски, Стефан Деспотовски и Филип Илиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот