Микел Артета/Фото: EPA-EFE/Jon Super/POOL

Артета не го гледал натпреварот во кој Арсенал стана шампион, правел скара во дворот

Додека навивачите на Арсенал ширум светот со нетрпение го следеа натпреварот меѓу Манчестер сити и Борнмут, по кој клубот од северен Лондон и официјално ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата, менаџерот Микел Артета воопшто не следел што се случува.

Шпанскиот стратег, кој го одведе Арсенал до првата титула по пауза од 22 години, откри дека првично планирал натпреварот да го следи со фудбалерите во тренинг-центарот на клубот, но во последен момент се предомислил и останал дома.

„Излегов во дворот, запалив оган и почнав да правам скара. Воопшто не го гледав натпреварот“, изјави Артета.

По три последователни сезони во кои Арсенал завршуваше на второто место, веста за долгоочекуваната титула Артета ја добил од својот најстар син Габриел, кој настапува за тимот на Арсенал до 18 години.

Фудбалерите на Арсенал заеднички го следеа натпреварот во тренинг-базата на клубот, по што почнало големото славје кое траело до раните утрински часови.

ФОТО | Астон вила мораше да направи промена на дресот за финалето во Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот