Енрике и Артета/EPA/NEIL HALL

Артета и Енрике со пласманот во финалето испишаа историја во Лигата на шампионите

Финалето во Лигата на шампиони оваа сезона ќе донесе историски момент за шпанската тренерска школа. Иако ниту еден од финалистите не доаѓа од Шпанија, за првпат во битката за европската круна ќе се соочат двајца шпански тренери.

Во минатото имаше финалиња меѓу шпански клубови, како дуелите меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во 2014 и 2016 година, но тогаш клупите ги предводеа Карло Анчелоти, Зинедин Зидан и Диего Симеоне.

Оваа година сцената ќе им припадне на Луис Енрике и Микел Артета, кои ќе ги водат ПСЖ и Арсенал во финалниот меч. Интересно е што и двајцата во своите играчки денови го носеа дресот на Барселона.

За Луис Енрике ова ќе биде можност да стигне до третата титула во елитното европско натпреварување, додека Артета ќе се обиде за првпат да го освои највредниот клупски трофеј во Европа.

Минатата сезона истите ривали се сретнаа во полуфиналето, а тогаш францускиот шампион беше поуспешен во двата натпревари и со вкупни 3-1 обезбеди место во финалето.

Компани лут на судиите: Се надевам дека наредната година ќе судат за нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот