Винсент Компани/EPA/ANNA SZILAGYI

Компани лут на судиите: Се надевам дека наредната година ќе судат за нас

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, посочувајќи дека судијата Жоао Пињеиро директно влијаел врз конечниот исход на натпреварот.

Баерн одигра 1-1 на домашен терен, но со вкупни 5-6 беше елиминиран од европската елита и остана без пласман во финалето.

Најмногу реакции предизвикаа две спорни ситуации во првото полувреме. Според Компани, играчот на ПСЖ, Нуно Мендеш, требало да добие втор жолт картон по намерно играње со рака. Наместо тоа, судијата досудил прекршок во корист на францускиот тим. Дополнително, Баерн бараше и пенал по игра со рака во шеснаесетникот на гостите, но арбитерот остана нем.

„Честитки за ПСЖ, но според мене Нуно Мендеш мораше да биде исклучен. Исто така, имаше чист пенал за нас, раката беше високо крената. Колку што ги познавам правилата, тоа е најстрога казна. Во Париз за слична ситуација беше досуден пенал за ПСЖ. Ќе се обидеме повторно следната сезона и се надевам дека тогаш судиските одлуки ќе бидат на наша страна“, изјави Компани.

Незадоволството во германскиот клуб го искажа и извршниот директор Јан Кристијан Дресен.

„Во најмала рака е чудно што судија со само 15 натпревари во Лигата на шампионите доби задача да води ваков важен меч. Можеби токму тоа објаснува дел од неговите одлуки вечерва“, порача Дресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот