Арсенал и Атлетико Мадрид пред размена на играчи!?

twitter/UEFA Europa League

Премиерлигашот моментно и натаму размислува за ваквата алтернатива, додека Шпанците беа подготвени да го финализира овој договор уште во јануари.

Арсенал и Атлетико можат да направат размена на играчи на крајот од натпреварувачката сезона, информира шпанскиот „Ас”.

Постои можност дека напаѓачот на „топчиите” Александар Лаказет да се пресели во мадридскиот клуб, а играчот од средниот ред Томас Лемар да продолжи во спротивна насока.

Премиерлигашот моментно и натаму размислува за ваквата алтернатива, додека Шпанците беа подготвени да го финализира овој договор уште во јануари.

Французинот е дел од Арсенал од 2017 година со 87 натпревари и 34 голови.

Неговиот сонародник Лемар за Атлетико од 2018 година запиша 48 мечеви и три погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот