Арманд Дуплантис/ EPA-EFE/Matthias Hangst / POOL

Арманд Дуплантис – најдобар европски спортист за 2025 година

Полската агенција ПАП го избра Арманд Дуплантис за најдобар европски спортист за 2025 година. Дуплантис победи убедливо, освојувајќи 184 поени – дури 41 повеќе од тенисерот Карлос Алкараз и 50 повеќе од словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар.

Во изборот учествуваа вкупно 23 европски новински агенции, а девет од нив му доделија максимални поени на Дуплантис, додека за четири агенции тој беше второпласиран.

Дуплантис имаше спектакуларна година – на Светското првенство во Токио постави нов светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи неверојатни 6 метри и 30 сантиметри.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот