Арка-Борец Велес е државен шампион на Македонија во кајак спуст на диви води

Нови успеси на Кајак Кану Клубот Арка-Борец Велес/фото: facebook.com/arkaborec

Доминација на Кајак Кану клубот Арка-Борец Велес, со своите врвни резултати дојде и до титулата државен шампион на Македонија во кајак спуст на диви води.

Потсетување дека претходно клубот стана и дрважен јуниорски шампион на Македонија во кајак спуст на диви води.

Во Државното пионерско првенство во спринт (К1-мажи) првото место го освои Благој Гугинов (56.43), а тимско 3xК1 триумфираа Гугинов, Андреј Апостолов и Филип Димитријевски (1:21.98).

Државно пионерско првенство
Кајак спуст – Спринт/Класик

Екипен пласман
1. К.К.К. Арка Борец – Велес 32 бода
2. К.К.К. Илинден`90 – Скопје 29 бода
3. К.К. Вила Зора – Велес 25 бода

фото: facebook.com/arkaborec
фото: facebook.com/arkaborec

Во класик 5.5 км. (К1 Мажи) првопласиран беше Љубомир Спасиќ, пред Кристијан Лазаров и Александар Златаров, потоа истите натпреварувачи беа најдобри и Тимско 3xК1, додека во К1-жени прво место освои Валерија Крстева.

Лазаров беше првопласиран во спринт 350м. пред Енис Небиовски и Златаров, тимско 3xК1 Лазаров-Небиовски-Крстев, и во женска конкуренција доминираше Крстева.

Државно сениорско првенство
Кајак спуст – Спринт/Класик

Екипен пласман
1. К.К.К. Арка Борец – Велес 81 бод
2. К.К.К. Илинден`90 – Скопје 56 бода
3. К.К. Вила Зора – Велес 13 бода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот