Аријана Гранде е „Кралица на Инстаграм“ со 207 милиони следбеници, а животот и е обележан со трагедии!

Фото: Инстаграм

Славната пејачка е втората најплатена личност во светот, веднаш зад фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 242 милиони следбеници…

Американската пејачка Аријана Гранде (26) е најпопуларната жена на социјалните мрежи со 207 милиони следбеници на Инстаграм.

Имено, поранешната Дизни ѕвезда е млада, славна, има талент и пари, а сега и „војска“ обожаватели. Изгледа дека има се што ќе посака, но сепак нејзиниот живот е полн со трагедии.

Фото: Инстаграм

На нејзиниот концерт се случи терористички напад, поранешното момче и почина на 26 години, нејзините родители се развеле кога таа била мала… ова е само мал дел од трауматичните искуства на „Кралицата на Инстаграм“.

Пред две години поранешното момче на Аријана, со кое беше 2 години во врска, Мак Милер почина на 26 години, а со обдукција беше установено дека тој се предозирал со алкохол, кокаин и фентанил. Многумина ја обвинија Аријана за неговата смрт.

Фото: Инстаграм

По неговата смрт, Аријана се забавуваше со комичарот Пит Дејвидсон (27) со кој се вери, но оваа врска не траеше долго.

Животот на Аријана го обележа и терористичниот напад на нејзиниот концерт во Манчестер во 2017 година.

Фото: Инстаграм

Додека Аријана беше на бината, беше фрлена бомба која усмрти 22 лица. Пејачката подоцна се сретна со семејствата на сите кои го изгубија својот живот, што дополнително ја допре. Аријана оттогаш се бори со панични напади, анксиозност, а подоцна се соочи и со депресија, таа јавно призна дека се уште се бори со овие психички проблеми.

Фото: Инстаграм

Нејзините родители се развеле додека таа била уште мала, па на самиот почеток ја немала потребната поддршка од семејство кое цврсто стои зад неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот