Арифи: Природна непогода ја оштети цевката, благодарност за работниците на ЈКП

фото Архива

Тетовската градоначалничка Теута Арифи на социјалната мрежа Фејсубук објави став по однос на двонеделниот проблем со недостиг на вода за пиење и замената на уништениот 60 метарски цевковод од новиот водоснабдителен систем. Таа потенцира дека станува збор за природна непогода и дека тоа одвај го чекале некои луѓе за ново критикување.

-Потребно беше само природна непогода да се оштети главната цевка на новиот водовод во градот и да биде доволно за да се отворат злите усти на оние кои едвај чекаат на тоа и да почнат да фрлаат со дрва и камења кон чесните луѓе кои работеа дaвајќи се од себе. Бескрајна благодарност до овие луѓе кои работеа со денови во исклучително тешки услови за да обезбедат вода за сите нас. Оние што со години го оставија Тетово без вода и кои до ден денес живеат со таа нечиста совест, ваквите празни муабет нема да им ја исчистат истата. Ова им го должиме на обичните граѓани, се разбира, дури и повеќе од тоа, се вели во објавата на Теута Арифи.

Вработените во тетовскиот водовод завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денес да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово.

Денеска е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако на 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница.

По девет дена вчера заврши поставувањето на нов цевковод со големина од фи-500 по што беа пуштени првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем.  Постепено треба да се пушта и повеќе вода во системот и да се укинат рестрикциите кои беа воведени минатата недела. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот