Арачиново има нов херој – независниот кандидат Бакиу освои само еден глас на изборите

Според неофицијалните резултати од локалните избори што се одржаа вчера, Бакиу остана на самиот крај од списокот на кандидати, со резултат што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Во Општина Арачиново, каде што секогаш изборите знаат да бидат бурни и тесни, се случи нешто што ретко се гледа дури и во најмалите населени места – кандидатот за градоначалник Фекри Бакиу, кој настапи како независен од група избирачи, освоил само еден единствен глас. Да, еден.

Според неофицијалните резултати од локалните избори што се одржаа вчера, Бакиу остана на самиот крај од списокот на кандидати, со резултат што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„Ни мајка му не гласала за него“, коментираат иронично дел од жителите, не криејќи дека бројката звучела повеќе како шега отколку како реален изборен резултат.

Интересен е и податокот дека за да се кандидира независен кандидат, потребни се најмалку два потписа на поддржувачи. Бакиу очигледно бил пријавен токму со два потписа – што значи дека дури ниту тие двајца што го поддржале, не гласале за него.

Според официјалните податоци, најголем број гласови освои Даут Беќири од коалицијата Влен – 2.662 гласа, односно 51,25 проценти. Веднаш зад него е Скендер Исуфи од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.383 гласа или 45,88 проценти. Разликата меѓу првиот и вториот е релативно мала, но во политички контекст значајна – доволна за Беќири да ја однесе победата во прв круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот