Аpple TV+ подготвува документарец за историјата на музиката во филмовите за Џејмс Бонд

„The sound of 007“ / 007.com Оfficial Website screenshot
„The sound of 007“ / 007.com Оfficial Website screenshot

Светската премиера на документарецот ќе се случи во октомври 2022 година, на денот 60-годишнината од филмската франшиза посветена на тајниот агент, Џејмс Бонд.

Во изминатиов период, Аpple TV+ забележа огромен успех со голем број продуцирани документарни филмови и проекти фокусирани на музичката индустрија. Според сајтот „Deadline“, следниот предизвик на стриминг платформата е документарен филм чија цел ќе биде истражување на извонредната шест-децениска историја и почетоците на музиката во една од најголемите филмски франшизи некогаш – Џејмс Бонд.

Долгометражниот филм насловен „The Sound of 007“ ќе биде во режија на Мет Вајткрос, а во продукција на Џон Батшек, заедно со MGM, Ventureland и Eon Productions (наградуваниот продуцентски тим зад документарниот филм за Џејмс Бонд, „Everything or Nothing: The Untold Story of 007“).

– „The Sound of 007“ заминува зад објективот, внурнувајќи се длабоко во една од најголемите филмски франшизи во историјата, почнувајќи од генезата на „Dr. No“ и легендарната тематска песна „007“, па сè до „No Time to Die“, комбинирајќи емотивни интервјуа со материјал од неверојатната архива на Џејмс Бонд. – вели официјалното известување на официјалната 007.com страна.

Светската премиера на документарецот ќе се случи во октомври 2022 година, на денот 60-годишнината од филмската франшиза посветена на тајниот агент, Џејмс Бонд.

„The Sound of 007“ ќе ѝм се придружи на листа наградувани документарни филмови и серии, вклучително и „Boys State“ (добитникот на главната награда од жирито на Sundance Film Festival); „The Me You Can’t See“ (повеќеделна документарна серија од ко-креаторите и извршните продуценти Опра Винфри и принцот Хари); „1971: The Year That Music Changed Everything“ (нова документарна серија која прикажува како променливите бранови на историјата влијаеле врз музичките икони од тоа време), како и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот