Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство

Димитар Апасиев, пратеник Фото: Принтскрин

Левица нуди македонска платформа, со која конечно ќе биде запрено уценувањето од албанското малцинство при формирањето на идната влада. Тоа го порача партискиот лидер, Димитар Апасиев, на Народниот собир што го партијата Левица го организираше во Охрид во рамки на својата предизборна кампања.

„На избор пред граѓаните се три платформи, на нив останува за која ќе се определат на престојните Парламентарни избори на 8 мај. Првата е веќе познатата „Тиранска“ платформа. Независно дали се нарекуваат Европски фронт или Вреди, тоа е иста необалистичка матрица која тежи кон разградување на државата. Втората е „Софиската“ платформа што ја поддржуваат македонските буржујски партии, одродената македонска елита – СДС и ДПМНЕ, од кои едните ја поддржуваат отворено, другите латентно. Нашите информации говорат дека во првите сто до 200 дена е договорено внесување на Бугарите во Уставот. И третата, тоа е платформата што ја застапува Левица, а тоа е македонска платформа во пет точки, со цел конечно да запре уценувањето при составувањето влада од албанското малцинство“, рече Апасиев.

Како што посочи тој, тоа е изборот, тоа се трите платформи на кои ќе се кршат копјата на 8 мај.

„Влегуваме во фото-финиш на кампањата, очекуваме минумум да го удвоиме резултатот од првиот круг од претседателските избори. Поддржавме независна кандидатка, тоа беше горе-долу очекуван скор. Но сега, доаѓаат нашите главни избори, на 9 мај ќе славиме од осум до 12 пратеници, тоа се нашите реални очекувања“, рече Апасиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот