Апасиев -комисија/фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Апасиев: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, вечерва преку социјалните мрежи соопшти дека планира следната недела да закаже седница на Постојаната анкетна комисија во Собранието, со која претседава, откако родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани испратиле претставка.

„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на РОДИТЕЛИТЕ ОД КОЧАНИ, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, пишува Апасиев.

Нешто пред неговата објава, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека неговата партија утре во Собранието ќе поднесе предлог за одржување на седница на Анкетната комисија посветена на целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.

„На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија. Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание,“ пишува Филипче во објавата.

Ова доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски денеска го пренасочи прашањето дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи барањето на роднините на загинатите – кај пратениците, но од неговиот одговор можеше да се насети дека за Кочани сè уште ќе се молчи во Собранието, со оглед на тоа што Мицкоски се повика на судењето како процес на соочување на јавноста за случувањата во Кочани.

– Што се однесува за поддршка за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Таму ќе може сите – и граѓаните, и јавноста и вие медиумите – да дознаете што сѐ се случувало – рече Мицкоски.

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот