Австриски парламент/ Фото EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Антиваксерската партија со шест проценти од гласовите влезе во Австрискиот парламент

Новата политичка партија, која се противи на рестриктивните мерки против коронавирусот, неочекувано постигна успех на покраинските избори во Австрија и влезе во парламентот со повеќе од шест проценти од гласовите, покажуваат првите изборни резултати, пренесува Блумберг.

Партијата „Луѓе, слободи, основни права (МФГ)“, основана во февруари како одговор на одлуките на владата за воведување мерки во борбата против пандемијата, водеше кампања за изборите во Горна Австрија главно преку социјалните мрежи. Нивните активисти не веруваат во ефикасноста на вакцината и се противат на секоја обврска за вакцинација. Основачот на партијата поднесе тужби до Врховниот суд за поништување на законот, кој го оцени како „убиство на слободата“.

Австрија постепено ги заострува здравствените мерки што ги воведе минатата пролет. Од октомври, само вакцинираните луѓе и оние кои го прележале вирусот ќе можат да ги посетуваат стадионите и салите за настани во Виена. Невакцинираните нема да можат дури и со негативен тест. Анкетата покажува дека половина од невакцинираните гласачи гласале за екстремно десничарската ФПО и една четвртина за МФГ.

Австрија, каде што нешто повеќе од 60 проценти од населението е целосно вакцинирано и е една од најбогатите земји во светот, напредува бавно со вакцинацијата.
Причината за ваквото слабо темпо на вакцинација, конзервативниот канцелар Себастијан Курц ја става на поддршката што ФПО им ја дава на движењата кои се сомневаат во постоењето на коронавирусот и веруваат во теории на заговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот