Анѓушев: Новата еврообврзница е за раздолжување на стари обврски по пониски камати

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев не очекува опструкции од опозицијата во идната техничка влада во врска со издавањето на нова еврообврзница којашто, како што вели, има за цел пред се, враќање на стари задолжувања, но по пониски камати.

– Очекувам дека сите чинители на општественото и политичкото живеење во нашата држава ќе знаат да го препознаат интересот на граѓаните и тоа што е интерес на државата, а не теснопартиски интерес. Во таа смисла не очекувам никакви опструкции со оглед на тоа дека сите задолжувања што се прават во државата воглавно за раздолжување на стари обврски кои што се по повисоки камати, сега се нови задолжувања со пониски камати. Ако некој тоа го третира како лошо и прави опструкција на тоа, тој ќе прави опструкција на целата држава и на граѓаните на нашата држава, рече Анѓушев на новинарско прашање по потпишувањето на нов договор за странска инвестиција со компанијата „Скејл Фокус”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот