Англија пред Лигата на нации остана без најважните тројца играчи

Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тројца фудбалери се повлекоа од селекцијата на Англија пред претстојните натпревари во Лигата на нации.

Минатата недела, поранешниот селектор на Англија до 21 година, Ли Карсли го избра својот прв тим откако го замени Герет Саутгејт како привремен менаџер.

50-годишникот донесе неколку забележителни одлуки, а ги изостави Маркус Рашфорд, Кајл Вокер, Џејмс Медисон и Адам Вартон. Од друга страна, тој ги вклучи Анхел Гомес, Нони Мадуек и Морган Гибс-Вајт.

Сепак, пред дуелот од Лигата на нации против Република Ирска и Финска, тројца играчи беа принудени да се повлечат. Во вторникот вечерта, Фудбалската асоцијација на Англија објави соопштение:

– Кол Палмер, Оли Воткинс и Фил Фоден нема да играат на претстојните натпревари на Англија во Лигата на нации. Тимот се собра к во вторникот, но, по проценката, Палмер и Воткинс се вратија во нивните соодветни клубови за да продолжат со рехабилитацијата од постоечките проблеми. Фоден не се појави поради болест и е исклучен од натпреварите против Република Ирска и Финска. Во моментов не се планирани дополнителни играчи – објави ФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот