Англичаните не ги интересира Бундеслигата, ТВ серија погледана од дербито Борусија – Шалке

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Иако речиси целиот свет со нетрпение го очекуваше враќањето на врвниот фудбал, Англичаните очигледно не се фанови на Бундеслигата.

Според податоците на телевизијата БТ Спорт во првиот викенд во кој во живо можеше да се следи една од најсилните светски лиги, на Англичаните не им е толку атрактивна Бундеслигата.

БТ Спорт открива дека дербито во Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Шалке забележа најголема гледаност на телевизијата во последните два месеци, овој натпревар го следеле 652.000 гледачи, додека дуелот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт го следеле 192.000 гледачи.

Иако бројките се најголеми за БТ Спорт во последните два месеци, сепак доколку тие се споредат со некои други телевизии ќе стане јасно дека Англичаните не им е толку интересно дербито во Бундеслигата.

На пример, епизодата „Убиства во Мидсамер“ која се прикажува на телевизијата ИТВ3, овој викенд ја следеле дури 836.000 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот