ВИДЕО | Со часови чекале ред за тенџериња и тави на акција – Поради колапсот интервенирала и полицијата
Полицијата во Хемпшир, Англија, интервенирала откако стотици луѓе ненајавено се наредиле во колона за да купат кујнски садови од една француска компанија. Некои чекале во ред повеќе од четири часа, а нивните автомобили направиле метеж на патот.
Километарската редица поради распродажба на кујнски садови настанала околу индустриската област Андовер во Хемпшир, Англија, пишува порталот Телеграф.
Станува збор за садови за готвење Le Creuset, кои се познати по високите цени, па не е чудно што многу луѓе побрзале да ги купат производите додека трае акцијата.
@homeatnumber11_ Le Creuset Warehouse Sale in Andover! #lecreuset #warehouse #warehousesale #sale #queue #neveragain #homesale #home #kitchen #kitchenware #clearance #fyp @Le Creuset
Некои пристигнале пред компанијата четири часа пред работното време за да бидат меѓу првите во редот.
„Почнавме да добиваме извештаи во 9.45, па отидовме до складиштето за да помогнеме во контролата на сообраќајот“, изјавил портпаролот на полицијата на Хемпшир.
Компанијата ја навела оваа распродажба како нејзин „најголем настан во живо досега“.
Компанијата Le Creuset е позната и по високите цени, за повеќето садови треба да издвоите од 200 до 600 британски фунти (од 241 до 724 евра). Доколку сакате да ја опремите целата своја кујна само со садови за готвење Le Creuset, би потрошиле околу 4.239 евра.