Ангеловски: Нема тренер кој би се откажал од Барди, но мали се шансите да заигра против Австрија

игор ангеловски
Игор Ангеловски, поранешниот селектор на македонската А репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија, можно е на првиот натпревар на Европското првенство, да настапи без еден од најстандарните и најдобрите фудбалери, Енис Барди.
Фудбалерот на Леванте, кој моменто се наоѓа во карантин во хотелот „Хилтон“, вчера повторно имаше позитивен тест на коронавирус, а селекторот Игор Ангеловски, се надевам дека Барди наскоро ќе има негативен тест и е подготвен да чека до последен момент.

– Барди не е сигурен и до последен момент не знаеме дали ќе игра. Тој нема симптоми и тренира индивидуално. Мали се шансите дека ќе настапи на првиот меч на ЕП против Австрија Не постои тренер кој не би го искористил Барди во тимот па дури и без ниту еден тренинг. Секако дека веднаш штом ни биде на располагање ќе игра. Енис имаше успешна сезона, играше цела сезона и мислам дека во моментов физичката подготовка можеби нема да биде идеална, но би бил на 70-80 отсто до Австрија. Јас само го молам Господ да добие негативен тест – изјави Ангеловски.

Првиот натпревар на ЕП, Македонија ќе го игра на 13 јуни во Букурешт против селекцијата на Австрија.

Ангеловски: Не и е потребна еуфорија, мора да останеме цврсто на нозе

Барди и понатаму е позитивен на коронавирус

ФОТО: Фудбалерите победнички одат на Евро 2020, рутински го совладаа Казахстан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот