ФОТО: Фудбалерите победнички одат на Евро 2020, рутински го совладаа Казахстан

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија со 4:0 ја совлада селекцијата на Казахстан на последната проверка пред историскиот настап на Европското првенство.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Избраниците на селекторот Ангеловски доминираа на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, креираа шанси, играа офанзивно и со таквата игра го натераа противникот да се брани но и покрај тоа успеаја да постигна четири гола.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Првиот шут во рамки на голот пристигна во 13. минута, кога Елмас се обиде од дваесетина метри, ама топката се движеше по земја и голманот Покатилов лесно ја скроти. Потоа шанса имаше и Тричковски но неговиот заврши во надворешниот дел од мрежата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најсериозната можност пристигна во 22. минута кога Тихомир Костадинов шутираше но голманот на Казахстан го запре ударот. Првиот гол, Македонија го постигна во 35 минута кога капитенот Пандев повлече контра, го проигра Елмас кој успеа да изнуди прекршок во казнениот простор на Казахстан по што судијата досуди пенал.  Сигурен реализатор беше Езџјан Алиоски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

работата за избраниците на селекторот Ангеловски беше олесната откако во последните моменти од првиот дел црвен картон заработи Мужиков.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Доминантната игра како и предноста од играч повеќе на теренот, фудбалерите ја искористија на најдобар начин во второто полувреме, постигнаа три гола преку Тричковски, Ристовски и Чурлинов и во одлично расположение ќе патуваат за Букурешт каде на 13 јуни против Австрија ги очекува историскиот настап на ЕП.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот