Барди и понатаму е позитивен на коронавирус

енис барди
Енис Барди, еден од клучните играчи на македонската репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се соочува со голем проблем бидејќи еден од најдобрите и најстандардните репрезентативци, Енис Барди, сè уште е позитивен на коронавирус.

Денешниот тест на Барди повторно е позитивен по што одличниот фудбалер на Леванте, ќе почека за да им си приклучи на останатите репрезентативци на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство.

Барди иако не чувствува никакви симптоми, останува во карантин во хотелот „Хилтон“ и според протоколот, не смее да има никаков контакт со останатите фудбалери.
Сега Барди е во трка со времето бидејќи репрезентацијата на 8 јуни патува за Букурешт каде ќе ги одигра првите две кола од групата Ц против Австрија (13. јуни) и Украина (17. јуни) и за да може да патува со останатите соиграчи дотогаш ќе мора да има негативен тест на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот