„Ангелите на Викторија Сикрет заминуваат во минатото“: Тие повеќе не се „културолошки релевантни“

epa-efe
Дел од познатите ангели на „Victoria's Secret“ / Фото: EPA-EFE

Брендот за долна облека „Викторија Сикрет“ откри дека ќе соработува со група инспиративни жени, вклучително и активисти и претприемачи. Имено, од компанијата ги открија нивните нови заштитни лица, меѓу кои се поранешната мисица Пријанка Чопра и фудбалерката Меган Рапино.

Овие жени, меѓу кои се индиската актерка и претприемачка Пријанка и про-фудбалерката и активистка за родова еднаквност Меган, ќе станат заштитни лица и глас на брендот, соопштија од компанијата.

Ангелите на „Викторија Сикрет“ се синоним за брендот уште од крајот на 90-тите години на минатиот век. Низ годините, најновите колекции на овој гигантски бред на специјални ревии ги носеа некои од најпознатите светски модели како Андријана Лима, Жизел Бундхен, Џиџи Хадид, Тајра Бенкс, Бела Хадид, и Хајди Клум.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Во интервју за „The New York Times“ објавено во средата, извршниот директор на „Викторија Сикрет“, Мартин Вотерс, рече дека Ангелите повеќе не се „културолошки релевантни“.

Кон крајот на 90-тите и раните 2000-ти, шоуто на пистата на „Викторија Сикрет“ имаше моќна улога во дефинирањето на поимот „секси“. Во поново време, истиот беше критикуван како „застарен“.

Ед Разек, долгогодишен шеф за маркетинг во „Викторија Сикрет“ бил „мозокот“ зад модната ревија. Разек важеше за еден од највлијателните луѓе во светот на модата во раните 2000-ти, помагајќи во започнувањето на кариерите на бројни познати модели.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Тој се повлече од функцијата во август 2019 година. Модната ревија беше откажана во ноември, една година откако тој даде контроверзни коментари во врска со трансродовите и плус-сајз моделите.

epa-efe

Вотерс за „The Times“ изјави дека „ремонтот“ на брендот требало да се случи многу одамна.

Во старите денови, брендот „Викторија“ имаше единствена леќа, која беше наречена секси“, рече тој.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Знаев дека треба да го менуваме овој бренд веќе подолго време, едноставно немавме контрола врз компанијата за да можеме да го направиме тоа“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот