Анегдота која и денес се прераскажува: Ајнштајн го пофалил славниот комичар и добил генијален одговор

Познатиот научник во една прилика рекол дека Чарли Чаплин е единствената личност што сака да ја запознае, а потоа таа желба му се остварила.

Алберт Ајнштајн и Чарли Чаплин ги запознал директорот на студиото Универзал, Карл Лемл. Приказната вели дека двајцата генијалци веднаш нашле заеднички јазик.

Не поминало долго време и Чаплин ги поканил Ајнштајн и неговата жена Елза на вечера. Тоа бил почеток на едно прекрасно пријателство.

Ајнштајн често престојувал во резиденцијата на Чаплин. Се чинело дека тоа на актерот воопшто не му пречело, во една прилика изјавил дека Алберт е многу пријатна личност со неверојатна интелектуална енергија.

Profimedia

Сепак, моментот што го обележал нивното пријателство се случил во јануари 1931 г. кога заедно дошле на премиерата на филмот „Светлата на градот“.

Прочитајте и...  Двејн Џонсон повторно ги воодушеви фановите: Погледнете што правеше со ќеркичката! (ВИДЕО)

Научникот и глумецот влегле во салата рака под рака, и двајцата носеле црни „пеперутки“, а сопругата на Ајнштајн била од левата страна на Чаплин. Тогаш е забележан интересен разговор меѓу нив.

Она што ме воодушевува кај вашата уметност е тоа што е универзална. Не кажувате ни збор, а сепак, целиот свет ве разбира – рекол Ајнштајн.

Тоа е вистина, но вашата слава е уште поголема. Луѓето ви се воодушевуваат, а никој не ве разбира – му одговорил Чаплин.

Profimedia

Оваа анегдота се прераскажува во неколку верзии. Некои велат дека тој разговор никогаш не се случил, други тврдат дека се случил, но не на премиерата на филмот, туку додека биле на прошетка низ Холивуд. Сепак, Јанош Плеч, доктор и личен пријател на Ајнштајн, во својата биографија потврдил дека разговорот навистина се случил на премиерата на филмот.

Прочитајте и...  НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The Aftermath“ е приказна за голема љубов која е жртва на последиците од војната

Инаку, повеќемината мислеле дека Ајнштајн и неговата сопруга на премиерата биле поканети како обични гости, а тие всушност биле таму како поддршка на Чаплин кој многу се плашел од реакциите на публиката за филмот.

Секако, денес знаеме дека стравот бил непотребен, зашто „Светлата на градот“ бил еден од најуспешните филмови во таа деценија, а моментот кога Ајнштајн и Чаплин заедно пристигнале е еден од највпечатливите моменти во историјата на Холивуд.

Прочитај повеќе

Навистина чудно: Мајките делфини им пеат на своите бебиња во стомакот!

Васко Спасоски

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Совети за учење албански јазик од Садик Исени

Јасмина Кантарџиева Димков

НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The Aftermath“ е приказна за голема љубов која е жртва на последиците од војната

Михаило Донев

Кајли Џенер почнува со производство на асепсол за болниците, таа е подготвена да се откаже од својот бизнис! (ФОТО)

Васко Спасоски

Рамбо Амадеус објави цел нов албум на Јутјуб: Преслушајте го „Брод будала“ (ВИДЕО)

Михаило Донев

„Мењам козу“: Најдоброто од „Еден на Еден“ овој викенд! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

10 најпопуларни инстаграм-рецепти во „добата на коронавирусот“ (ФОТО)

Слободен печат

Возачот не смее ништо до допре со гола рака: Џеј Ло е во паника поради коронавирусот, а ова е доказ за тоа! (ФОТО)

Васко Спасоски

За љубителите на Ван Гог: Онлајн турнеја во најпосетениот музеј во Холандија!

Слободен печат

Двејн Џонсон повторно ги воодушеви фановите: Погледнете што правеше со ќеркичката! (ВИДЕО)

Слободен печат

Близнаци родени во екот на пандемијата ги добија имињата Корона и Ковид

Слободен печат

Поради пандемијата одложена премиерата на продолжението на „Топ ган“: Знам дека го чекавте 34 години, за жал, чекањето ќе потрае

Слободен печат