Андријана Јаневска сподели досега невидена фотографија од младоста со Тоше Проески и Каролина Гочева

Instagram

Андријана Јаневска објави досега невидена фотографија на која е заедно со Тоше Проески и Каролина Гочева, направена во Сиднеј, Австралија.

Јанева фотографијата ја сподели на својот инстаграм-профил и ја воодушеви македонската јавност.

Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана во описот на фотографија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот