Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Андреас Трајковски ќе настапи на атлетскиот митинг во Белград, кој е дел од Златната серија

Членот на Атлетскиот клуб Работнички и македонски репрезентативец Андреас Трајковски денеска ќе настапи во дисциплината скок во далечина на престижниот атлетски митинг во Белград.

Митингот во српскиот главен град е дел од Златната серија на митинзи во сала под капата на Светска атлетика.

Конкуренцијата ќе биде исклучително силна, на стартната листа се и моментално најдобрите скокачи во светот.

Главни конкуренти за највисок пласман се Божидар Сарабујуков од Бугарија со 8,39 метри оваа сезона и Милтош Тентоглу од Грција со 8,25 метри.

Трајковски сезонава во сала има најдобар резултат од 7,82 метри, што најавува возбудлив и квалитетен настап.

Скокот во далечина започнува од 17.55 часот, а натпреварот може да го следите во живо на Арена Спорт премиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот