Фото: AK Rabotnicki

Андреас Трајковски ја освои бронзата на атлетскиот митинг во Полска

По првиот настап во сала оваа сезона на 20 јануари во Архус, Данска, каде што го освои второто место со скок од 7,38 метри, македонскиот атлетчар Андреас Трајковски настапи на атлетскиот митинг во Горзов, Полска.

Нашиот натпреварувач во дисциплината скок во далечина блесна со одличен резултат од 7,82 метри, резултат вреден 1099 бода според таблицата на Светска Атлетика.

Со овој скок Трајковски го освои третото место на митингот, кој е со сребрена етикета од континенталните митинзи под покровителство на Европска Атлетика, и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток на сезоната.

Овој резултат ќе придонесе да се искачи високо на Европската ранг листа која ќе се ажурира во понеделник.

Првото место на митингот во Горзов му припадна на Лука Херден од Германија со скок од 8,18 метри, додека втор беше Лестер Лескеј од Шпанија (8,03 метри).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот