Андреас Трајковски го освои третото место на митингот во Архус
Одлично отварање на сезоната во сала за македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на меѓународната сцена.
Препорачано
На митинг кој е со етикета од Светската Атлетика во Архус, Данска, Трајковски прескокна 7,65 метри во скок во далечина со што го освои третото место.
Првопласиран беше Тобиас Монтлер од Шведска со скок од 8,07 метри, а на втората позиција се најде Џејсон Смит (САД) кој имаше должина на скокот исто како Трајковски, но заради подобрата серија на скокови на нашиот натпреварувач му припадна второто место.
Овој резултат на Трајковски вреди 1062 бода според бодовната листа на Светска Атлетика.
Ова е серијата на скокови на Андреас Трајковски на митингот во Архус:
1. 7.37 м
2. 7.47 м
3. 7.65 м
4. 7.51 м
5. 7.46 м
6. 7.54 м
Трајковски на 29 јануари (среда) ќе настапи во скок во далечина на митингот во сала во Белград од златната категорија на Светската Атлетика, со што испишува историја за македонската атлетика како првиот Македонец, кој некогаш настапил на натпреварување од оваа категорија.
Во Белград силна ќе биде конкуренцијата, а еден од фаворитите е Олимпискиот шампион в скок во далечина, Гркот Милтиадис Тентоглу.


