Андон Бошковски е новиот тренер на ракометниот клуб Пролет

Фото: rkprolet.mk

Поранешниот стратег на Вардар и на Е. Пелистер (тогаш Е. Работник), Андон Бошковски, е изборот на управата на Тинекс Пролет за шеф на стручниот штаб за наредната натпреварувачка сезона.

Постигнат е целосен договор за двогодишна соработка со овој ракометен стручњак, кој ќе го предводи тимот во европската авантура, но истовреме и ќе се обиде да ги повтори резултатите од минатата сезона, што Тинекс Пролет ја заврши на извонредната трета позиција на македонската ракометна сцена, информираат од клубот.

Бошковски минатата сезона ја почна како предводник на проектот Голден Арт КЛ7, клуб со кој бележеше добри резултати и овозможи развој на младите ракометари на оваа екипа. На почетокот од годинава тој си замина од скопскиот суперлигаш, нешто подоцна го прифати предизвикот во Радовиш и со серија извонредни резултати му овозможи на овој клуб да опстане во елитното друштво.

Андон Бошковски во кариерата пред овие два клуба ги има водено и Струга, Е. Работник, Работнички, Вардар и Младост Богданци, тој беше помошен тренер во Металург и во македонската ракометна репрезентација, додека од меѓународните предизвици во тренерската кариера беше селектор на Грузија, а извесно време мина и во романскиот клуб ХЦМ Роман.

Воедно, Тинекс Пролет му се заблагодарува на досегашниот тренер Зоран Кастратовиќ за успесите под негово водство и му посакува многу среќа во натамошниот дел од кариерата.

Никола Матлиески е новиот тренер на Голден Арт КЛ7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот