Никола Матлиески е новиот тренер на Голден Арт КЛ7

Фото: facebook.com/rakometenklubKL7/

Tренер со селекторско педигре од национални селекции на Македонија е изборот на Голден Арт КЛ7 за шеф на стручниот штаб во следните две години.

Никола Матлиески, првиот асистент на селекторот на сениорскиот национален тим на последните две големи натпреварувања, Данило Брестовац, ќе го предводи проектот чија политика е создавање и давање шанса на млади македонски ракометари.

Стружанецот со највисоката тренерска лиценца во светот на ракометот – Мастер коуч, Никола Матлиески, својата играчка кариера ја стартуваше во матичната Струга, за потоа да премине во скопскиот суперлигаш Пролет каде што релативно млад ја заврши кариерата како играч.

Од 2007 година ја стартува својата кариера како тренер во јуниорските екипи на Пролет и Металург, па преку сениорскиот тим на Металург 2 повторно се враќа во клубот во кој ја стартуваше истата, ракометниот клуб Тинекс Пролет.

По четири поминати години во Тинекс Пролет, во кои клубот перманентно растеше и се развиваше, и во континуитет обезбедуваше излез во европските купови, паралелно извршувајќи повеќе функции во националните тимови на нашата држава застанува на чело на еден од најдобрите проекти за млади категории во Македонија, Голден Арт КЛ7.

Во периодот кој претстои Голден Арт КЛ7 заедно со новиот тренер ќе го формира стручниот штаб кој ќе работи со тимот и во зависност од потребите ќе ја зголеми конкуренцијата во играчкиот кадар. Голден Арт КЛ7 и во следните години ќе се потпира на политиката на ангажман и развој на исклучиво македонски ракометари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот