Анџелина му се осветува на Бред Пит – Не му дозволува да ги види децата

EPA EFE
Фото: EPA

Откако со новата девојка, германската манекенка Никол Потуралски се врати од Франција, Анџелина Џоли наводно го присилила Бред Пит на 14 дена самоизолација, пишува „US Weekly“. Тоа е услов доколку тој сака да ги гледа нивните заеднички деца кои живеат со актерката.

Наводно, 45-годишната актерка е загрижена поради тоа што нејзиниот поранешен сопруг во екот на пандемијата одлучил да отпатува надвор од земјата, и тоа на друг континент со цел да биде со новата девојка.

Бред се надевал дека периодот на карантин ќе го скрати со тоа што планирал да направи два теста за коронавирус во разлика од неколку дена, но на Анџелина тој план воопшто не и се допаднал. Таа инсистирала 56-годишниот актер да остане во својот дом додека не пројде опаснота, првенствено поради доброто на нивните деца.

„Анџелина инсистираше Бред да остане во изолација 14 дена откако се врати од Франција, наведувајќи го растот на бројот на случаи на коронавирусот во земјата. Не сакаше да ризикува ниту едно дете да заболи од коронавирусот“, изјави изворот за „US Weekly“.

Фото: Инстаграм

Во тој период Бред не смее да ги гледа децата, а со тоа актерот наводно се согласил.

Додека едни веруваат дека грижливата мајка Анџелина се плаши за здравјето на своите деца, други сметаат дека актерката со ова му се осветува на Бред поради новата романса со 27-годишната манекенка и неговиот неодамнешен потег. Имено, за време на патувањето славниот оскаровец својата помлада девојка ја однел во дворецот во кој со Анџелина во 2014 година тие ги разменија брачните завети.

Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Тогаш извор близок на Бред и Анџелина изјави дека актерот многу добро знаел каква реакција ќе предизвика кај поранешната сопруга, носејќи ја својата нова девојка на нивното посебно место, и тоа на денот на нивната годишнина од бракот.

„Тој едноставно не се грижи што Анџелина ќе полуди. Всушност, тој се надева дека тоа ќе се случи“, изјави тогаш изворот.

Фото: Инстаграм

Анџелина наводно збеснала кога дознала што сторил Бред, а ниту малку не и се допаднало што тој низ Европа се фали со новата, 30 години помлада девојка, наместо својата врска да ја задржи за себе и со тоа да покаже почитување кон неа и децата. Неговиот потег за актерката беше крајно безобразен и непримерен.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот