Анџелина Џоли е ѕвездата на новиот фантастичен филм „Come Away“ (ВИДЕО)

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, е ѕвездата од новиот фантастичен филм „Come Away“ на режисерката Бренда Чапман.

Филмот е мешавина на главните ликови од добро познатите бајки „Алиса во земјата на чудата“ и „Петар Пан“ кои заедно, како роднини, се обидуваат да им помогнат на своите родители да ја преболат загубата на најстариот син.

Филмот својата премиера ја имаше на средината на јануари оваа година, но кино премиерата ширум САД и светот е одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Се очекува дека филмот во домашните кина ќе пристигне на средината на ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот