Славната модна уредничка Ана Винтур неодамна се разведе од милионерот Шелби Брајан, а сега, наводно, утеха пронашла во британскиот актер Бил Нај.
Изгледа дека Ана Винтур го оставила разводот зад себе, и тргна напред, рака под рака со британскиот актер Бил Нај. Познатата уредничка засега не се огласи по повод врската со овој 70-годишен актер.
Бил Нај никогаш не се оженил, а Ана во последните неколку години задолжително ја следи на сите јавни настапи и приватни случувања. Во јануари оваа година тие заедно се појавија на модната ревија во Париз, кој беа снимени како си шепотат.
Нај глумеше во филмовите „Пиратите од Карибите“, „Хари Потер“, „Вистински момент“ и уште многу други…

Да се потсетиме, Ана Винтур неодамна официјално се разведе од милионерот Шелби Брајан. Официјалнаа причина за нивниот развод се уште не е позната, но како што пишуваат странските медиуми, изгледа дека Брајан и се вратил на поранешната сопруга Кетрин Брајан, со која има два сина.
Имено, Брајан ја напуштил Кетрин во 1999 година кога ја започнал аферата со Ана Винтур.