АМС објаснува: Поддршката во спортот со спортскиот ваучер ќе продолжи, се менува начинот на реализација

Фото: Naumce Mojsovski/FB

Од Агенцијата за млади и испорт денес објавија реакција по повод измената на Законот за добивка преку кој се регулираше ваучер-системот.

АМС уверува дека мерката ќе продолжи, а ќе биде различен само начинот на реализација. По вчерашните измени на Законот за добивка, компаниите веќе нема да можат дел од данокот на добивка да го донираат на спортисти, клубови или федерации.

Ваквата одлука предизвика паника бидејќи за некои од нив ваучерите се и единствен начин на финансирање. Денес АМС ја смирува ситуацијата.

„Агенцијата за млади и спорт во врска со измените во Законот за данок на добивка кој се однесуваат на даночно ослободување за националните спортски федерации, спортски клубови и активните спортисти, ве известува дека со овие измени не се укинуваат спортските ваучери, туку се менува единствено начинот на реализација на спортските ваучери, и како што беше претходно најавено, државата директно ќе ги исплаќа средствата на спортските субјекти кои ќе имаат право на спортски ваучер.

Агенцијата за млади и спорт во координација со Министерството за правда, го имаат подготвено новото предлог законско решение со кои ќе се уреди новиот начин на реализација на спортскот ваучер и истиот е во фаза на усогласување со надлежните институции за да се овозможи отпочнување на собраниска процедура за новите предлог законски измени.

Поддршката во спортот со спортскиот ваучер ќе продолжи, оваа мерка со новиот начин ќе се унапреди, и сите кои имаа потешкотии од било кои причини при реализација на спортскиот ваучер, тој проблем веќе ќе го немаат. Злоупотребите од нечесните компании кои бараа услуги за реализација на спортскиот ваучер, ќе престанат и сите средства ќе се користат за унапредување на спортот и за потребите на спортистите“, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот