Амнести интернешнл: Пакистан да го запре протерувањето на авганистанските жени и девојчиња

Wakil KOHSAR / AFP / Profimedia

Амнести интернешенел го повика Пакистан да го запре протерувањето на стотици илјади авганистански девојки и жени назад во Авганистан.

„Депортирањето на авганистанските бегалци од Пакистан ќе ги стави жените и девојчињата во уникатен ризик“, напиша канцеларијата на Амнести во Јужна Азија на Платформата Икс.

Нивното барање доаѓа во пресрет на почетокот на новата фаза на протерување на авганистанските бегалци од соседен Пакистан. Исламабад планира да депортира околу 850.000 бегалци во Авганистан следниот месец, освен ако не се предадат доброволно.

Од октомври минатата година тие веќе протераа половина милион Авганистанци од Пакистан кои немаа соодветни документи за престој во земјата.

„Присилното враќање сериозно ги ограничува нивните права на образование, работа, движење, а во некои случаи ги изложува на непосредна закана од насилство“, велат од Амнести. Владата на Пакистан мора да ги запре сите депортации и да преземе афирмативна акција за да се осигура безбедноста на жените и девојчињата бегалци“, се додава во објавата на АИ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот