„Амнести Интернешенл“ го потврди масакрот во Етиопија: Стотици луѓе избодени до смрт
Слободен печат
Пред
Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права „Амнести Интернешенл“ (АИ) ги потврди извештаите за масакр во градот Меј Кадери во регионот Тиграј во северна Етиопија на 9 ноември, каде што „голем број, веројатно стотици луѓе беа избодени до смрт”.
Цивилните жртви „веројатно се надничари кои на ниту еден начин не учествувале во воената офанзива која е во тек” во регионот Тиграј, изјави директорот на АИ за источна и јужна Африка, Депрозе Мучен.
Иако АИ сè уште не утврдила кој е одговорен за нападот, сведоци тврдат дека тоа се силите лојални на Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ), кој управува со регионот и во судир е со премиерот Аби Ахмед уште од неговото доаѓање на власт во 2018 година.
Премиерот претходно изјави дека ТПЛФ извршил егзекуција на владини трупи во северниот дел на Етиопија.
Ахмед објави на Твитер дека армијата ја вратила контролата врз градот Широм во регионот Тиграј и открила „тела на војници кои биле врзани и убиени”. Тој не го наведе бројот на жртвите.
Обединетите нации, Африканската унија и меѓународната заедница изразија загриженост дека Етиопија може да влезе во граѓанска војна, откако Аби, добитник на Нобелова награда за мир во 2019 година, нареди „полициски час“ и испрати војници да го задушат наводниот бунт на ТПЛФ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Граѓани кои живеат во зградите во близина на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче се жалат на прегласната музика, која секојдневно свири до доцните вечерни часови. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Мусака со модри патлиџани – сочен и кремаст домашен рецепт 2 …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …