Американски функционер: Србија е влезна точка за руската пропаганда на Западен Балкан

Американско знаме / Фото: Архива

Србија е влезната точка за руската пропаганда на Западен Балкан, изјави американски координатор во Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот, Џејмс Рубин.

Рубин ова го кажа во обраќањето на конференцијата за медиуми на интернет, каде што го претстави извештајот насловен „Како Кина се обидува да ја преобликува глобалната информациска средина“.

На прашањето на Радио Слободна Европа како го оценува влијанието на Кина на Западен Балкан, Рубин рече дека за време на неговата посета на регионот на почетокот на оваа година, „ја забележал зголемената желба на Кина да игра улога со преземање на сопственоста врз медиумските организации“, но дека моментално „најголем проблем е што Србија е портал за Русија на Западен Балкан“.

Србија е единствената земја во регионот која не ги затвори програмите Рашатудеј и Спутник. Некако мислат дека можат да го направат тоа, а сепак да влезат во Европската унија, што ме збунува, изјави Рубин.

Тој потсети дека сите земји од ЕУ ги затворија РТ и Спутник по почетокот на инвазијата, сметајќи ги за пропагандно оружје на руската инвазија.

Имаат дури и РТ и Спутник на српски јазик, што значи дека се разбирливи и за соседните земји. Ова во моментов е најголемиот информативен проблем, рече Рубин.

Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, Европската унија ја прекина дистрибуцијата на руските медиуми РТ и Спутник, бидејќи ги смета за алатки на Кремљ за дезинформации и манипулација со информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот