АМЕРИКАНКА ТВРДИ ДЕКА Е ВО ВРСКА СО ПУТИН: „Едвај чекам да дојде и да ме земе во Русија, ќе му родам дете“
Американката Џенифер на почетокот на ноември гостуваше во популарната емисија Доктор Фил на Фил Мекгро, каде рече дека е заљубена во рускиот претседател Владимир Путин и оти двајцата се во врска. Нејзините деца сметаат дека на мајка им ѝ треба помош и многу се загрижени за нејзиното ментално здравје, па со неа се појавија во емисијата за да ја кажат својата страна на приказната, пренесува српски „Курир“.
Препорачано
Џенифер верува дека е визионерка и дека влијае на работите кои се случуваат во светот, постапките на владите, лидерите на државите, како и дека може да влијае на терористичките напади и конфликтите ширум планетата.
Во прилогот на емисијата, Џенифер вели дека има визии како Путин доаѓа по неа и во својот претседателски авион ја носи во Русија.
– Едвај чекам да дојде по мене. Се чувствувам како да припаѓам во Русија. Ние секојдневно комуницираме преку социјалните мрежи. Еден од начините со кои Путин комуницира со мене е преку својата вратоврска – додава таа.
Џенифер пред камерите покажа и фотографија од рускиот претседател на која тој носи црна вратоврска со бели точки и истакна дека Путин на тој начин наводно сакал да ѝ порача дека ќе дојде по неа и ќе ја однесе во Русија.
Таа наведува дека во една прилика тој носел бордо вратоврска со која сакал да ѝ порача дека не се бакнува со ниту една друга жена.
– Можам да почувствувал кога мисли на мене. Започнав да имам пророштва дека ќе родам уште едно дете. Имам сништа дека ќе родам девојче, кое ќе ја добиеме јас и Владимир – вели таа.
Инсистира и дека Путин со неа наводно комуницира и преку фотографии, дека наводно знае каде, каде се движи и што се случува. Џенифер додава дека во моментов е бездомик и дека нема поддршка од своето семејство.
– Да ме праша, без сомнение веднаш би се омажила со него. Тој е мојот најдобар пријател – истакнува таа.
Ќерката на Џенифер истакнува дека нејзината мајка е убедена оти е во врска со Путин и дека тој ќе дојде по неа и ќе ја носи во Русија. Поради оваа ситуација, таа станала бездомник и живее во мотели.
Ќерката наведува дека нејзината мајка е во состојба без престан да зборува за Путин и тоа да трае со часови. Додава дека нејзината мајка твдри оти таа и Путин имаат тајна шифра за комуникација. Додава дека Џенифер на своите деца им покажувала слики од рускиот претседател и ги терала да го нарекуваат „дедо“.
Едниот нејзин син смета дека неговата мајка го „загубила контактот со реалноста“ и дека не памети на последниот разговор со неа кој имал смисла, бидејќи со неа се се сведува на Путин, политика и религија. Другиот син исто така смета дека нешто не е во ред со неа.
Децата велат дека оваа ситуација трае веќе три години и дека не знаат што ја предизвикало опсесијата на нивната мајка за рускиот претседател.
Водителот Фил Мекрго за време на емисијата им откри на гледачите дека Џенифер во животот имала многу несреќи и нерешени ситуации, па затоа оттука произлегува нејзината состојба.
Имено, Џенифер долго време не знаела кој ѝ е вистинскиот татко, а потоа е изнесена и информацијата дека таа била силувана кога имала 14 години и дека тоа криминално дело го направиле три различни мажи. Таа по овој стравичен настан имала и обид за самоубиство.
Тој смета дека некои работи во животот се премногу болни и луѓето бараат начин како да побегнат од реалноста, а така луѓето хронично започнуваат да живеат во фантазија. Доктор Фил исто така посочи дека таа заслужува да добие многу подобра помош и поддршка поради сите работи кои и се случиле во животот.


