Американците без осигурување нема да го плаќаат лекувањето од коронавирус

Коронавирус во САД/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Според податоците на агенцијата ФАИР, која се занимава со договори за најповолна цена за лекување, 73.310 американски долари би ги покриле трошоците за шестдневен престој во болница.

Болничкото лекување на коронавирус во САД може да чини од 42.486 до 74.310 долари, што секој поединец без осигурување би морал да плати, доколку не се усвоеше пакетот за помош од 2.000 милијарди долари за санирање на последиците од вирусот, од кој ќе бидат покриени трошоците на болниците.

Според податоците на агенцијата ФАИР, која се занимава со договори за најповолна цена за лекување, 73.310 американски долари би ги покриле трошоците за шестдневен престој во болница.

Советниците за здравствено осигурување сметаат дека е добро што тестирањето е бесплатно и дека оние со поблаги симптоми можат да останат дома и да користат онлајн услуги за лекување.

Полесно заболените имаат на располагање здравствен телефон или медицинска сестра 24 часа со кои работодавачот или здравственото осигурување имаат склучено договор, што заштедува пари и време за одење до лекарска ординација.

ФАИР наведува дека просечната такса за услуги за лекување преку телефон е околу 43 американски долари за оние без осигурување. Осигурителните компании таа услуга ја наплаќаат 34 долари за пет до 10 минути консултации, а осигурениот пациент ќе мора да го плати остатокот.

Во САД околу 30 милиони луѓе немаат здравствено осигурување. Пред една недела беше објавено дека за две недели 10 милиони луѓе останале без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот