Амбасадата на САД во Приштина побара да се расветли случајот со убиството на Ивановиќ

Од оваа амбасада побараа напорна работа за да се откријат лицата вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ.

Амбасадата на САД во Косово, побара од косовските институции да го расветлат случајот со убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ.

Од оваа амбасада побараа напорна работа за да се откријат лицата вмешани во убиството на Ивановиќ.

– Две години после убиството на Ивановиќ, ние ги повикуваме институциите во Косово да продолжат со напорната работа за да одговараат вмешаните лица, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Приштина.

Инаку, Оливер Ивановиќ, беше убиен на денешен ден пред две години во северниот дел на Косовска Митровица. Тој беше погоден од истрели од пиштол испукани од автомобил во движење пред неговата канцеларија.

Косовското специјално обвинителство на почеток на декември подигна обвинение против шест лица обвинети за вмешаност во неговото убиство, а беше издадена и меѓународна потерница за апсење на Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ за наводно раководење со криминална група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот