Алушовски ја напушти клупата на исландскиот Тор Акурејри

Македонскиот ракометен тренер Стевче Алушовски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот македонски репрезентативец Стевче Алушовски повеќе не е тренер на исландската екипа Тор Акурејри.

Алушовски имаше договор на три години со второлигашкиот клуб, но двете страни одлучија истиот спогодбено истиот да биде раскинат.

Пред да се пресели во Исланд, нашиот стратег беше на клупата на двократниот европски шампион Вардар 1961.

Со скопските „црвено-црни“ успеа да освои двојна круна во Македонија, беше осминафиналист во Лигата на шампионите и играше четвртфинале во СЕХА лигата. Го водеше и составот на Еурофарм Пелистер.

Претходно за Тор Акурејри настапуваше десниот бек Томислав Јагуриновски, а од оваа сезона дел од тимот е пивотот Костадин Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот