Алушовски: Да учиме од грешките, некои играчи неодговорно се однесуваа! (ВИДЕО)

Вардар и со пораз во Скопје (25:26) успеа преку хрватскиот Нексе да обезбеди настап на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) во рамките од СЕХА Газпром лигата.

Многу лесно можеше македонскиот, европски и регионален шампион да биде елиминиран во својата сала „Јане Сандански“, но на крајот среќата беше на негова страна.

Ние бевме посреќните, многу неодговорни во ситуации кога „7 на 6“ ја освојувавме топката, истрошивме 4-5 топки во празно. Недопустливо е за Вардар кој претендира да има амбиции како што има со вакви играчи кои неодговорно се однесуваат. Ова е еден меч, сигурно во најдобра намера ги правеле грешките, но од истите мораме да учиме, се надевам дека ќе играме подобро од натпревар во натпревар.

Прочитајте и...  Лајпциг го загуби дербито во Менхенгладбах и ја загуби лидерската позиција (ВИДЕО)

Ме радува тоа што во еден дел од мечот се врати оној стариот добар Дисингер, добивме некој шут од бековска линија, беше полесно, но во второто полувреме за 21 минута дадовме само пет гола поради наши технички грешки. Тоа е спортот, им честитам на момците за пласманот на Ф4 турнирот и се надевам дека таму ќе бидеме подобри – беа зборовите на тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Полскиот пивот Патрик Валчак во решавачките моменти постигна клучни голови за успехот на „црвено-црните“.

Да, се пласираме на Фајнал-фор турнирот, тоа беше нашата цел. Секој гол е важен, и натаму имаме уште да работиме како тим, овој натпревар покажа каде се наоѓаме самите себе си. Останува сега да ги анализираме грешките – рече играчот на Вардар, Валчак.

Прочитајте и...  Покер голови на Реал Мадрид, погоди и Азар по 392 дена (ВИДЕО)

Како што е веќе најавено во периодот од 4-6 септември ќе се игра Фајнал-фор турнирот, во полуфиналето Вардар ќе игра со ППД Загреб, а на втората средба Веспрем ќе ги одмери силите со Мешков Брест. (фото: seha-liga/Jozo Cabraja)

СЕХА: Вардар и со пораз се пласираше на Ф4 турнирот

Поврзани вести

Барселона заборави да победува во Ла Лига (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѓоковиќ е ментално посилен од Надал и Федерер

Слободен печат

Лајпциг го загуби дербито во Менхенгладбах и ја загуби лидерската позиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија пред пласман во футсал квалификациите за ЕП, Англија ги откажа бараж натпреварите

Слободен печат

Брозовиќ и Перишиќ го спасија Интер од срам на „Џузепе Меаца“(ВИДЕО)

Слободен печат

Жота го спаси Ливепул

Слободен печат

Остави Коментар