Алкараз повторно ги разочара фановите, нема да игра ниту на Вимблдон
Карлос Алкараз нема да настапи ниту на годинашниот Вимблдон, откако шпанскиот тенисер потврди дека сè уште не е целосно закрепнат од повредата на раката.
Препорачано
Алкараз имаше одличен почеток на сезоната со освојувањето на титулата на Австралија опен, но потоа следуваше пад во формата и проблеми со зглобот кои го оддалечија од терените. Минатиот месец тој се повлече и од Ролан Гарос, а сега потврди дека ќе ги пропушти и турнирите на трева во Квинс и Вимблдон.
„Закрепнувањето оди во добра насока и се чувствувам многу подобро, но сè уште не сум подготвен за натпреварување. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и Вимблдон. Овие турнири ми значат многу и навистина ќе ми недостигаат. Продолжуваме со напорна работа за што поскоро враќање“, објави шпанскиот тенисер на социјалните мрежи.
Со отсуството од двата големи турнири, Алкараз ќе остане и без значителен број бодови. Неиграњето на Ролан Гарос ќе го чини 2.000 поени, додека на Вимблдон ќе загуби уште 1.300, како и дополнителни 500 бодови од Квинс, каде минатата сезона ја освои титулата.
Според најавите, неговото враќање на терените најрано би можело да се случи на мастерс-турнирот во Монтреал, кој започнува кон крајот на јули.
ВИДЕО – Ф4: Голема несреќа за влакно беше избегната на автодромот во Москва
Ѓорческа поразена од Ламенс во квалификациите на Ролан Гарос


